Општина Карпош го усвои буџетот за догодина, тежи околу 35 милиони евра
Советот на Општина Карпош на денешната седница го усвои Буџетот за 2026 година, како и програмите за работа на општинските сектори и одделенија, со што официјално се трасираат приоритетите за развој на општината во наредната година.
Препорачано
На седницата, која беше шеста по ред, советниците разгледаа и гласаа по триесетина точки од дневниот ред, меѓу кои централно место имаше предлог-буџетот за 2026 година, кој доби мнозинска поддршка.
Според образложението, вкупниот консолидиран Буџет на Општина Карпош за 2026 година изнесува 2.159.676.279 денари (околу 35 милиони евра). Од овој износ, основниот буџет изнесува 1.332.434.279 денари (околу 21,6 милиони евра).
Министерството за финансии ја информирало општината дека максималниот износ на сопствени приходи за 2026 година ќе изнесува 608.436.000 денари, додека од ДДВ ќе се обезбедат 28.978.000 денари. Дополнително, Владата ќе обезбеди трансфери во износ од 615.020.279 денари, а во буџетот е вклучен и пренесен вишок од 80 милиони денари од претходната година.
Најголем дел од средствата, односно 69 проценти, ќе доаѓаат од трансфери и дотации, 26 проценти од даночни приходи, додека остатокот ќе се обезбеди од неданочни и капитални приходи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


