Општина Карпош ги опколи со ленти игралиштата и фитнес зоните за да не се користат, Богоев апелира: Седете дома!

„Колку сме посовесни и ги почитуваме мерките за заштита од коронавирус, толку побрзо ќе се вратиме на секојдневниот живот и навики.“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев преку социјалните медиуми сподели дека отворените игралишта и фитнес зоните во општината од денеска се опколени со жолта лента за истите да не се користат.

Фото: Стефан Богоев / Фејсбук

– Се забранува користење на детските игралишта во Карпош, а дел од истите ќе бидат и заклучени!
Ве повикувам да не ги користите и отворените игралишта, фитнес зони, со цел да спречиме ширење на Covid-19 (коронавирус). Исто така, интензивирани се контролите на МВР и Армијата, при што ЗАБРАНЕТО Е собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини- апелираше градоначалникот на социјалните медиуми.

Богоев исто така извести дека мобилни тимови ќе им помагаат на лицата кои не се во можност да ги набават основните продукти и лекови, за што се отворени телефонските линии 070 / 226 – 136 и 02 / 3068 – 806

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот