Општина Гази Баба ќе им помага на граѓаните да ги подноват лифтовите во старите згради
Граѓаните од општина Гази Баба кои живеат во згради постари од 20 години можат да аплицираат за субвенција од Општината за реконструкција на постојните лифтови.
Препорачано
Јавниот повик веќе е распишан и трае до 30 ноември годинава, односно до исцрпување на планираните средства во буџетот за 2026 година за оваа намена, во износ од 1.100.000 денари.
Општината ќе дава финансиска поддршка до 50 отсто од потребните средства за поправка, но не повеќе од 275.000 денари.
Оваа мерка е директна помош за заедниците на сопственици и управителите, со јасна цел – подобри, побезбедни и пофункционални станбени згради. Продолжуваме да инвестираме во квалитетот на животот и да создаваме решенија што им значат на граѓаните – вели градоначалникот Бобан Стефковски.
На јавниот повик право на учество имаат заедниците на сопственици на посебни делови односно управителите на станбените згради на подрачјето на Општина Гази Баба, кои ги исполнуваат условите и ја доставиле потребната документација.
Притоа, Заедницата на сопственици на станбената зграда треба да има донесено одлука за согласност за реконструкција на лифтот во станбената зграда, со достава на список со своерачни потписи од минимум 50% + 1 од сопствениците на посебните делови, како и одлука за кофинасирање со сопствени средства за делот од вкупниот износ за реконструкција на лифт во станбената зграда, со достава на список со своерачни потписи од минимум 50% + 1 од сопствениците на посебните делови;
Пријавите треба да се доставуват преку пошта до Архивата на Општина Гази Баба, а за сите други услови и за потребните документи граѓаните можат да се информираат во објавениот јавен повик на интернет страницата на Општина Гази Баба.


