Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром го чисти просторот кај поранешен „Мекдоналдс“, за „услугата“ ќе си плати сопственикот

Екипите на Јавното претпријатие на Општина Аеродром денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот ресторан „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште, како што велат,  со запишан објект. Расчистувањето на крајот ќе си го плати сопственикот.

Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа, на терен излегоа комуналните екипи на Општината. По уредувањето, Јавното претпријатие ќе достави фактура до сопствениците со износот за извршените работи, информираат од Аеродром.

Фото: Општина Аеродром

Оттаму тврдат дека остануваат посветени општината да биде чиста и уредна и дека ќе продолжат да реагираат секаде каде што сопствениците не постапуваат согласно со законските обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот