„Oppenheimer“ го престигна „Bohemian Rhapsody“ и стана најуспешен биографски филм

Фото: UNIVERSAL PICTURES - Album / Album / Profimedia

Биографскиот филм „Oppenheimer“ на Кристофер Нолан, со Силијан Марфи во главната улога, собори неверојатен светски рекорд оваа недела и официјално стана биографскиот филм со најголема заработка на сите времиња, надминувајќи 900 милиони долари во глобална продажба на билети.

По девет недели од прикажувањето, историската драма заработи импресивни 912 милиони долари ширум светот со 318 милиони долари од северноамериканските кина и 594 милиони на меѓународно ниво, пишува „Мирор“ (Мirror).

Летниот филмски хит и еден од најдобрите филмови на годината постави нов рекорд кој претходно го држеше филмот за Фреди Меркјури и групата „Квин“.

„Bohemian Rhapsody“ заработи 910 милиони долари за време на прикажувањето во кината. „Oppenheimer“, кој сѐ уште се прикажува во кината, успеа да го престигне и е на работ од милијарда долари. Многумина предвидуваат дека ќе биде тешко да се достигне таа бројка.

И покрај неверојатниот успех на „Oppenheimer“, тој сè уште останува трет најуспешен филм во кариерата на Кристофер по неговите иконски филмови за Бетмен, „The Dark Night“ и „The Dark Knight Rises“. По огромниот успех на „Oppenheimer“, сега се шпекулира дека талентираниот режисер е во преговори да го режира следниот филм за Џејмс Бонд .

Многумина предвидуваат дека филмот ќе биде меѓу водечките претенденти за Оскарите, кога се во прашање најдобрите главни и споредни улоги и најдобар режисер. Кристофер Нолан, кој ја потпишува режијата, веќе постигна офромен успех од филмот, заработувајќи околу 180 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот