Операција по операција: Бандиќ со години имал здравствени проблеми

Фото: Профимедиа

Милан Бандиќ, градоначалникот на Загреб почина синоќа од срцев удар, откако со години имаше големи проблеми со здравјето.

Се започна во 2003 година кога тој доживеа тежок мозочен удар. Лекарите тогаш се бореле за неговиот живот, но на крајот тој релативно брзо закрепнал.

На 1 мај 2017 година тој бил на операција на стомакот, откако како што тврдел, невнимателно подигнал котел со грав.

Ненадејно почина Милан Бандиќ, политичарот кој цели 20 години владееше со Загреб

Истата година заради проблеми со срцето му бил вграден снтент, а во јуни минатата година тој заврши во болница откако му се слошило.

Во декември 2018 година тој заврши во болница заради белодромна емболија, која настанала како последица на тромб после тројна фрактура на потколеницата. Бандиќ тогаш заврши на одделението за интензивна нега.

Во август минатата година тој ги оперирал гласните жици.

Милан Бандиќ почина синоќа на 66 години откако му се слошило, по што бил префрлен во болница, каде имало неуспешен обид за негова реанимација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот