Онлајн медиумите во Македонија најчести прекршители на правилата за одговорно известување

unsplas

Од вкупно 132 жалби до Советот за етика во медиумите на Македонија, дури 110 се за онлајн медиумите, кои се најбројни во земјава, но и најчести прекршители на правилата за одговорно известување.

На денешната презентација на годишниот преглед на примени жалби за непрофесионално известување на медиумите за 2023 година, беше соопштено дека од вкупниот број примени жалби, за 61 се донесени одлуки и мислења во коишто е прекршен кодексот на новинарите, за 41 жалба е донесено одлука дека се неосновани, 5 жалби се решени по пат на медијација и за 20 жалби не е започната постапка.

Претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, посочи дека бројот на примени жалби во 2023 година во однос на претходната година е двојно зголемен, односно во 2022 година добиени се 78 жалби.

-Најчести подносители на жалби во 2023 година се граѓани, тоа нас како СЕММ не радува, значи Советот е едно видливо тело на кое можат да му се обратат граѓаните и да поднесат жалби за непрофесионално однесување на медиумите. После граѓаните доаѓаат невладините организации, што значи и тие си ја вршат својата работа како чувари на она за што се залагаат, рече Адамчевски.

Граѓаните како најчести подносители на жалби за непрофесионално известување на медиумите во 2023 поднеле 53 жалби, потоа од страна на невладините организации поднесени се 35 жалби, новинарите поднеле 22 жалби и останатите се поднесени од политички партии, приватни компании, носители на јавни функции, правни застапници и други.

Трите најпрекршувани членови од кодексот на новинарите во 2023 година, според статистичкиот преглед на СЕММ, се член 1, член 10 и член 7, дури во 31 жалба е прекршен членот 1, кој гласи „Неточни и непроверени информации, немање втора страна и отсуство на најмалку два меѓусебно неповрзани извори“, потоа во 15 жалби е донесено одлука за прекршување на член 10 кој гласи „Говор на омраза и поттикнување насилство или дискриминација врз која било основа“, како и во 8 жалби се нотира прекршување на член 7 кој гласи „Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот