ОН му одговорија на Маск: „Баравте план, еве ви!“

Дејвид Бисли Елон Маск
Директорот на Светската програма за храна на ОН Дејвид Бисли и основачот на Тесла, Елон Маск/ Фото Колаж СП

Директорот на Светската програма за храна на ОН (WFP) објави план од 6,6 милијарди долари за борба против гладта во светот, како одговор на Илон Маск, кој рече дека е подготвен да ги продаде акциите на Тесла и да ги донира парите ако некој од ОН и објасни како тоа би функционирало, пренесува Си-Ен-Ен.

Дејвид Бисли, директор на Програмата за храна на ОН и поранешен републикански гувернер на Јужна Каролина, објави план за дистрибуција на оброци и ваучери за храна на повеќе од 40 милиони луѓе во 43 земји. Тоа би спречило, вели тој, катастрофа што може да се случи наскоро.

Во документот објавен од Бисли, WFP предлага да се одвојат 3,5 милијарди американски долари за купување и испорака на храна, 2 милијарди долари за ваучери за храна до местата каде што може да се купи и 700 милиони долари за управување со нови програми за храна прилагодени на локалните услови.

Дополнителни 400 милиони долари ќе бидат искористени за управување, администрирање и координирање на снабдувањето со храна.

„Баравте јасен план. Еве го!“

„Светот гори“, напиша Бисли. „Предупредив дека доаѓа бура поради ковид кризата, војните, климатските шокови и, сега, зголемени трошоци во синџирот на снабдување“.

Оваа криза бара итни решенија, нема преседан и можно е да се избегне“, напиша Бисли на Твитер.

„Баравте јасен план и отворени сметки. Еве го! Подготвени сме да разговараме со вас, како и со секој друг кој сериозно сака да спаси животи“, пишува тој.

Маск сè уште не одговорил.

Шефот на Светската програма за храна на ОН: Не е комплицирано, ако не се помогне, луѓето ќе умрат

Целата оваа дебата започна кога шефот на Светската програма за храна изјави дека „мала група екстремно богати поединци можат да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од своето богатство“.

„Милијардерите треба да дојдат на помош еднаш засекогаш“, изјави Дејвид Бисли за Си-Ен-Ен, наведувајќи ги особено двајцата најбогати луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Маск. „Шест милијарди долари за помош на 42 милиони луѓе кои буквално ќе умрат ако не им помогнеме. Не е комплицирано“, додаде Бисли.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, поседува богатство во вредност од 289 милијарди долари, според Блумберг, што значи дека Бисли бара донација од само два отсто од својот имот. Богатството на американските милијардери е речиси двојно зголемено од почетокот на пандемијата и сега изнесува 5,04 трилиони.

Само 2 % од богатството на Маск е доволно за да се реши гладот во светот

„Многу народи тропаат на вратата на гладот“

„Комбинацијата од неколку кризи, како што се климатските промени и пандемијата, значи дека многу нации тропаат на вратата на гладот“, рече Бисли.

Половина од населението на Авганистан, 22,8 милиони луѓе, се соочува со акутна криза со глад, според извештајот на WFP објавен во понеделникот. Огромната невработеност и неликвидноста значат дека земјата е на работ на хуманитарна криза и 3,2 милиони деца на возраст под пет години се загрозени, се заклучува во извештајот.

Серијата нови извештаи од администрацијата на Бајден издаде строго предупредување минатата недела – ефектите од климатските промени ќе бидат сеопфатни и ќе претставуваат проблем за секоја национална влада. Во тие извештаи, администрацијата наведува дека климатските промени ја поттикнуваат миграцијата, што е првпат американската влада официјално да ја признае врската помеѓу климатските промени и миграцијата. WFP предупредуваше на овој тренд во минатото, особено во регионот на сув коридор во Централна Америка.

Само 2 % од богатството на Маск е доволно за да се реши гладот во светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот