Омилената внука: Принцезата Беатрис ја позајми венчаницата од кралицата Елизабета Втора! (ФОТО)

инстаграм

Принцезата Беатрис и Едоардо Мапели Мози се венчаа во интимна церемонија во Royal Chapel of All Saints во Виндзор. Церемонијата беше оддржана во тајност откако големата кралска венчавка која требаше да биде во мај се откажа поради вирусот.

инстаграм

Медиумите ја пренесоа веста за тајната венчавка, а кралското семејство и само ја потврди веста објавувајќи две службени фотографии од венчавката. На нив се гледа како парот изгледа, а посебно е интересна приказната за венчаницата.

инстаграм

Принцезата Беатрис за церемонијата одбрала винтиџ фустан со потпис на Норман Хартнел кој како што пишува Vogue, го позајмила од кралицата. На главата имала тијара со дијаманти која исто така ѝ припаѓала на краливата Елизабета, а која и самата ја носела на нејзината венчавка во 1947 година. Стилистката на кралицата, Ангела Кели, ѝ помогнала на принцезата да го прилагоди фустанот за да ѝ одговара совршено. Тој е изработен од Peau De Soie тафт, украсен со дијаманти, има „пуф“ ракави од органза и порабување од Duchess сатен.

инстаграм

Инаку, на венчавката имало мал број на гости, вклучувајќи ги кралицата и родителите на принцезата, војводата и војвотката од Јорк, а применети биле сите епидемиолошки мерки поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот. Ова за кралското семејство е многу невообичаена венчавка, навистина големо освежување, додека изборот на венчаницата не само што е одличен туку и оддржлив поради што од кралското семејство добиваме порака дека стигнува време за некои нови генерации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот