Фото: ФФМ

Омерагиќ најави новитет со ВАР, но и му одговори на Ангеловски: „Неговите клупски ангажмани беа покуси од рокот на јогуртот во маркет“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ денеска одржа брифинг со новинарите на кој зборуваше на повеќе теми.

Една од нив беше и вчерашната реакција на поранешниот селектор, Игор Ангеловски.

„Човечки, културно и спортски е да се посака среќа и успех. Кога бирате селектор имате десет кандидати и на крајот избирате еден тренер. Ангеловски некои свои лични амбиции ги стави пред репрезентацијата. Би сакал да каже кои се моите интереси затоа што работам без надомест. Некоректно беше вака да се реагира, можеше барем да почека. Тоа кажувам за него, му посакувам добро здравје, но и да поработи на тренерските способности бидејќи јогуртот во маркет трае подолго од неговите последни клупски ангажмани“, рече Омерагиќ.

„Исто така не сакам и да се претвори во ѕвездда на месецот, тоа што кажа дека сме стаорци негово си е. Ние знаме кои сме и што сме“.

„Лично двапати му се јавив и му кажав дека размислуваме за него. Се одлучивме за нова енергија. Ни одговои дека би работел пак во федерацијата и дека ќе ја поддржи нашата одлука јаввн“, изјави Омерагиќ.

Исто така Омерагиќ најави и новитет со ВАР системот.

„Екипите кои сметаат дека се оштетени од ВАР, ќе можат да се жалат до ФФМ. Потоа заедно да ја прегледаат снимката и да го слушнат разговорот. Ова ќе биде предлог до Управниот одбор на ФФМ и во пролетниот дел ќе се донесе одлука за да можат видеата од ВАР-собата да бидат достапни“, кажа Омерагиќ.

Воедно, првиот човек на ФФМ потврди дека постои интерес искусниот напаѓач Дени Мусовски, кој настапува во МЛС-лигата за Сиетл, и понатаму сака да го облече дресот на Македонија, меѓутоа поблиску да добие можност за настап за репрезентацијата е Андреј Тодороски кој го носи дресот на Бачка Топола во Србија.

ФОТО | Седлоски: Ова е голема чест и најголема одговорност во мојата кариера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот