Околу 350 кандидати денеска полагаат стручен испит за стекнување лиценца за работа во градинките
Околу 350 кандидати денеска полагаат за лиценца за работа како воспитувачи, негуватели, стручни работници, соработници и директори – задолжителен предуслов за вработување во детските градинки.
Препорачано
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, присуствуваше на полагањето на стручниот испит на Филозофскиот факултет, кој процес беше блокиран од 2023 година.
– Конечно го одблокиравме процесот на полагање стручни испити за лиценци во детските установи, кој беше во застој поради нефункционален електронски систем. Тоа го оневозможи пристапот на голем број кандидати токму во момент кога имавме најголема потреба од кадар во градинките – изјави Лимани.
Со измените во Законот за заштита на деца, сега стручниот испит може да се спроведува и во хартиена форма до 1 јануари 2026 година, по што процесот ќе продолжи по електронски пат.
Министерот информираше дека до крајот на месецот уште околу 350 кандидати ќе имаат можност да го завршат процесот и да се стекнат со лиценца за работа. Тој додаде дека сите пристигнати барања се разгледуваат внимателно и секој барател ќе биде исконтактиран од комисијата.


