Оклопниците од НХЛ се во фокусот на интересот на ЗОИ Милано-Кортина 2026
Со враќањето на играчите од најсилната лига во светот, се очекува олимпискиот турнир да предизвика огромно внимание и да биде со врвен квалитет. Најголеми фаворити за златото се Канада и САД, а Шведска и Финска ќе се обидат да ги загрозат
Најголемата приказна пред почетокот на ЗОИ Милано-Кортина 2026 (6 -22 фавруари) е враќањето на играчите од НХЛ лигата на хокејарскиот турнир. Првпат од 2014 година, НХЛ испраќа играчи на ЗОИ. Затоа се очекува олимпискиот турнир да биде најквалитетното натпреварување во овој спорт, од Светското првенство 2016.
Препорачано
Во Милано ќе играат 12 екипи. САД и Канада се фаворити за златен медал, а Шведска и Финска ќе ги следат во стапка. Сите 12 репрезентации ќе стигнат до нокаут-рундите по групната фаза и се очекува турнирот да биде вистински хаос во позитивна смисла на зборот.
Канада, деветкратен освојувач на олимпиското злато и најголем фаворит за златото има состав исполнет со најдобрите НХЛ играчи во последните 20 години. Откако освоија злато во 2002, 2010 и 2014 година, Канаѓаните беа во лоша серија без НХЛ играчи, завршувајќи со бронза во 2018 година и шести во 2022 година. Но со враќањето на НХЛ играчите, разликата е како ноќ и ден.
MCDAVID!!!!!!
CHAMPIONSHIP GOAL!!! #4Nations pic.twitter.com/L46Jvc96D6
— 4 Nations Face-off (@4NationsHockey) February 21, 2025
Мекдејвид ја предводи Канада
Нападот на Канада ќе го предводи најдобриот играч во светот, Конор Мекдејвид. Ѕвездата на Едмонтон ојлерс го имаше својот голем момент како репрезентативец минатата година со титулата на турнирот на Четирите нации, постигнувајќи победнички гол против Американците во продолжението. САД завршија петти на ЗОИ Пекинг 2022, но сега со ѕвездите од НХЛ, очекувањата се поголеми.
Ова е најдобриот американски олимписки состав во повеќе од една деценија. Зак Веренски (Блу џекетс) беше клучен за Американците минатата година како водечки стрелец на турнирот Четирите нации и лани ги водеше САД до нивната прва светска титула по 92 години. Американците се стремат да го освојат своето прво олимписко злато од 1980 година.
Your 2025 IIHF #MensWorlds CHAMPIONS 🇺🇸🏆 pic.twitter.com/D10K79wk8d
— USA Hockey (@usahockey) May 25, 2025
Шведска ги совлада САД
Шведска беше единствената што ги победи САД во регуларниот дел на турнирот Четирите нации лани. Мешавина од искуство и младост го истакнува составот на Шведска со ветераните Виктор Хедман и Густав Форслинг и голманот Јеспер Валштет. Шведска нема олимписки медал од 2014 година. Финска, актуелен олимписки шампион, ќе биде без ѕвездата Александар Барков, а напаѓачот на Далас старс, Мико Рантанен, ќе го предводи нападот.
Чешка се стреми кон својот прв медал од 2006 година, а во составот има плејада играчи од НХЛ. Германија, освојувачите на сребрен медал од 2018 година, има ѕвезда, Леон Драјсајтл (Едмонтон), поранешен МВП на НХЛ. Турнирот започнува на 11 февруари, а финалето е на 22 февруари.
Титулата ја брани Финска која ја совлада Русија во финалето. Бронзен медалист од ЗОИ 2022 е Словачка, која ја надигра Шведска во малото финале.
Линдзи Вон посилна од повредата – додека има шанса, ќе се обиде да настапи на ЗОИ 2026


