OJO поднесе обвиненија против Наумче Мојсоски, Даниел Димевски и Дарко Каевски

Фото: Архива

Јавното обвинителство поднесе обвинение против 12 лица за злоупотреба на службена положба и несовесно работење. Обвинението е поднесено откако Антикорупциската комисија поднесе кривична пријава во врска со доделувањето на спортските ваучери на спортски клубови и федерации.

„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, соопштија од ОЈО.

Бидејќи се работи за обвинителен предлог тој не оди на оценка во Кривичниот суд туку директно кај судија и потоа се води по скратена постапка.

Кога станува збор за мерките претализвост, се поставува со повикување на странките.

Обвинението е поднесено против: Наумче Мојсоски како директор на Агенцијата за млади и спорт, неговиот претходни Дарко Каевски и првиот човек на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски, но и за уште девет други лица.

Мојсоски и Каевски се обвинети за злоупотреба на службена положба, а Димевски и останатите за несовесно работење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот