Ојлески: Имавме добри и лоши моменти, треба да бидеме задоволни со бодот против Бидасоа

Гоце Ојлески имаше два гола за Еурофарм Пелистер против Бидасоа Ирун во салата „Боро Чурлевски“, Битола/фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Еурофарм Пелистер освои важен бод против шпанската екипа на Бидасоа Ирун во салата „Боро Чурлевски“ – Битола и ги одржува шансите за пласман во нокаут фаза во Европската лига.

Марио Танкоски, македонскиот репрезентативен плејмејкер во последната минута постигна гол за реми (29:29).

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер им се заблагодари на навивачите кои дојдоа во салата да ја бодрат екипата.

– Добро го започнавме натпреварот, одлично трчавме и без топка во првото полувреме. Но, потоа се почувствува тоа дека Хосни еден месец е без тренинг, дека Вилсон се враќа после повреда, Себастијан Хенеберг по болест и имавме пад во играта. Но, повторно се вративме и тоа не е за занемарување. Можеби во овој момент овој бод не изгледа како позитивен резултат, но по неколку дена сигурен сум дека ќе биде позитивен. Мислам дека екипата оди во позитивна насока на формата и овој бод може да биде многу значаен за пласманот во нокаут-фазата на Европската лига – рече Валтер на прес-конференцијата по мечот.

Гоце Ојлески, играчот на Еурофарм Пелистер кој двапати се запиша во листата на стрелците, имаше одличен цепелин во решавачките минути по асистенцијата на Ненад Костески.

– Честитки за гостинскиот тим. Мислам дека одигравме еден добар натпревар, иако во одредени период имавме добри и лоши моменти. Можеби се почувствува тој замор и затоа грешевме. Но, добро е тоа што на крајот се вративме, освоивме бод. Сакавме позитивно да ја завршиме оваа полусезона, мислам дека добро направивме, треба да бидеме задоволни од овој резултат – вели Ојлески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот