Европска лига: Танкоски донесе бод за Еурофарм Пелистер против шпанската Бидасоа
Денеска во својот шести натпревар сезонаваа во Европската лига составот на Еурофарм Пелистер ремизираше во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со 29:29 против Бидасоа Ирун од Шпанија.
Препорачано
Играчите на Ларс Валтер стекнаа убава позитива во текот на првото полувреме кога водеа со 16:12. Но, на крајот можеа и да бидат поразени, бидејќи гостите во вториот дел имаа „плус три“ на семафорот (23:26).
На 20 секунди до крајот на средбата македонскиот вицешампион успеа да освои бод благодарение на погодокот на Танкоски. Нашиот репрезентативен плејмејкер запиша седум погодоци на овој меч, поефикасен од него беше само Тунижанецот Хосни со осум голови.
На табелата во групата „Д“ по шест кола води Фуксе Берлин со максимални 12 бодови, пред Скандерборг Архус кој има осум. Трета е Бидасоа со седум бодови, на четвртата позиција е Еурофарм Пелитер со пет, претпоследен Мотор Запорожје со три, а последен е Агуаш Санташ со еден бод.
Следниот меч Еурофарм Пелистер ќе го има на 7 февруари 2023 година на гостински терен против Скандерборг Архус кој во оваа рунда минимално загуби дома од Фуксе Берлин со 28:29.


