Охрид ја пречека Христијана Парулеска, европската шампионка во традиционално таеквондо

фото: МИА

Охриѓани и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков ги пречекаа македонските репрезентативци во традиционално таеквондо.

Воглавно вниманието беше насочено кон Христијана Парулеска која успеа да го освои златниот медал на Европскиот шампионат во Италија.

Парулеска освои и сребро на ЕП, и со двата медали беше прогласена за најдобра кадетка на турнирот, што е прв таков успех за индивидуален спортист од нашата земја остварен на вакво натпреварување.

– Се чувствувам многу возбудено и ви благодарам на сите што дојдовте тука. За да се достигне тронот на Европа треба многу напор, многу труд и вежбање. За мене овој спорт значи живот – рече Парулеска, видно возбудена од пречекот организиран за нејзиниот успех на Европското првенство.

Нејзиниот тренер и селектор на македонската МТТФ репрезентација, Марјанчо Лазаревски, од своја страна истакна дека постигнатиот успех е резултат на долгогодишен труд и посветеност.

– Освојувањето пехар за најдобар поединец со седум репрезентативци, во конкуренција на репрезентации со стотици натпреварувачи, беше како невозможна мисија. Ова е историски успех, прв пехар што некој натпреварувач го освоил во поединечна конкуренција – европски шампион и најдобар меу најдобрите, рече Лазаревски кој уште рече дека ќе продолжат со интензивни тренинзи и подготовки за наредните натпреварувања, пред се за светското првенство што треба да се одржи во Астана, во Казахстан – вели Лазаревски.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, изрази задоволство од освоените награди во Италија, посочувајќи дека се работи за врвен спортски успех, пехар за најдобра кадетка на Европско првенство.

– Од наша страна поддршката ќе продолжи, како финансиски така и со вложување во инфстраструктура, за да се создадат услови за дополнителни успеси. Ова е еден од светлите примери кога одредена фирма поддржува еден спорт, а успесите не се само ова првенство туку континуитет на што круна е токму овој пехар – се зборовите на Пецаков посакувајќи им на репрезентативците успеси во натамошните натпреварувања.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот