Охрабрувачки вести за заболените: Новата вакцина против меланом достапна за две години

Profimedia
Илустративно фото: Профимедиа

Експерименталната вакцина против меланом би можела да влезе во широка примена во следните две години, што би можело да означи голем чекор во борбата против најсериозниот облик на рак на кожата.

На глобално ниво имало околу 325.000 нови случаи на меланом и 57.000 смртни случаи од оваа болест во 2020 година, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

„Сметаме дека во одредени земји вакцината би можела да биде лансирана со забрзано одобрување до 2025 година“, изјавил извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел.

 

За разлика од конвенционалните вакцини, таканаречените терапевтски вакцини ја лекуваат болеста наместо да ја спречат, а тоа го прават така што го вежбаат имунолошкиот систем да го препознае „натрапникот“ и да се бори против него.

„Терапевтските вакцини денес претставуваат вистинска надеж во онкологијата, еден вид имунотерапија 2.0“, истакнал Бансел.

Настојувањата на „Модерна“ вакцината набрзо да се појави во поширока употреба се поттикнати од резултатите од најновите клинички тестирања, во кои шансите за преживување се значително поголеми благодарение на вакцината, која ја користи истата технологија на информациската-РНК како во случајот со вакцините против ковид-19.

Во студијата во која учествувале 157 лица со напреднат облик на меланом, вакцината на „Модерна“ во комбинација со имунотерапискиот лек „китруда“ (Keytruda) во текот на тригодишниот период го намалил ризикот од смрт или повторно враќање на ракот за 49 отсто.

Пациентите примале по еден милиграм iRNK вакцина на секои три недели и вкупно девет дози. Заедно со тоа, на секои три недели добивале и по 200 милиграми од лекот „китруда“ во период од една година. Нивните резултати потоа биле споредени со оние кои користеле само лек за имунотерапија.

„Модерна“ лани ги објавила резултатите по двегодишен период со намален ризик за 44 отсто.

„Разликата во преживувањето расте. Колку повеќе поминува времето, толку поголема разлика се забележува“, рекол Бансел, напоменувајќи дека стапката на појава на несакани ефекти не расте.

„Дојдовме до тоа еден од двајца луѓе да преживее, во споредба со резултатите од најдобриот производ во моментов на пазарот. Во онкологијата тоа е исклучителен резултат“, додал извршниот директор на „Модерна“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот