Огромен пожар се приближи до предградието на Атина

Пожарникари во Грција не можеа да го спречат исклучително големиот пожар што се приближи до северни предградија на Атина денеска, а огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес, оставајќи илјадници жители во бегство.

„Напуштете ги своите домови веднаш”, ги повика градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос, жителите преку државната телевизија. Жителите добија предупредувања и СМС пораки од цивилната одбрана.

Густи облаци чад се видливи насекаде над грчката престолнина.

Метеоролозите со денови предупредуваат на можноста за големи пожари бидејќи голем топлотен бран ја погоди Грција, што не се очекува да стивне оваа недела. Температурите се искачуваат над 40 степени Целзиусови. Во другите делови на Грција, пожарникарите се борат со големиот пожар на островот Родос, што ги принуди жителите на неколку општини да избегаат.

Властите ја предупредија јавноста дека ризикот од пожар ќе биде многу голем дури и кога ќе помине топлотниот удар бидејќи има голема суша и метеоролозите најавија силен ветер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот