Ограничен број луѓе на плажите, повисоки цени во рестораните – За колку ќе поскапи летувањето во Италија годинава?
Во Италија во август, поради правилата за ограничување на бројот на луѓе на плажите, во рестораните и на другите јавни места, трошоците за десетдневно летување би можело да пораснат за 18 до 20 отсто во однос на претходната година, оценува здружението за заштита на потрошувачи.
Резултатите од истражувањето на јавното мислење покажуваат дека повеќе од 50 отсто од жителите на Италија не планираат годишен летен одмор, а од вкупниот број од оние што се изјасниле дека ќе патуваат, дури 90,2 проценти одговориле дока тоа ќе го сторат во границите на својата земја.
Владата на Италија ги повика граѓаните ова лето да го поминат во својата земја одредувајќи во склоп на пакетот мерки за ублажување на последиците од епидемијата предизвикана од Ковид – 19 бонус од 500 евра за семејствата со цел да им се олеснат трошоците.
Здружението за заштита на потрошувачи во земјата оценува дека оваа година ќе поскапи и наплатата за лежалки, паркинг, храна, пијалоци и останати услуги кои се нудат на плажите на Италија.