Огњен Амиџиќ стана татко по третпат: Се оствари најголемата желба на среќните родители
Популарниот српски водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ добија второ заедничко дете, девојче, со што Амиџиќ по третпат стана татко. Радосната вест пристигна денеска, откако Мина се породи во утринските часови, а и таа и бебето се во одлична здравствена состојба.
Препорачано
Бременоста, како и самото породување, двојката успеа да ги сочува далеку од очите на јавноста. Речиси шест месеци Мина не ја откриваше својата состојба, ретко се огласуваше на социјалните мрежи и се посвети на мирно и приватно уживање во овој период.
„Пресреќен сум. Сè помина во најдобар ред. Мина и бебето се чувствуваат одлично. Со нетрпение чекам сите заедно да бидеме дома“, изјави Амиџиќ за српската телевизија „Пинк“.
Името на новороденчето засега не е соопштено. Огњен и Мина веќе го имаат синот Перун, додека водителот од претходниот брак со манекенката Данијела Димитровска има уште еден син – Матија.

Во една од ретките изјави за време на бременоста, Мина откри дека девојчето било нивна голема желба, особено на Огњен.
„Имам чувство како првпат да сум бремена. Оваа бременост ми беше потешка од првата. Се шегувам дека ‘девојчињата ѝ ја земаат убавината на мајката’, и кај мене навистина беше така“, раскажа таа.
Со раѓањето на ќерката, семејството Амиџиќ ја заокружи својата среќа, а јавноста со интерес очекува кога гордите родители ќе го откријат и името на најмладата наследничка.
„Посреќни сме од кога било“: Огњен Амиџиќ потврди дека чека бебе со новата девојка


