„Посреќни сме од кога било“: Огњен Амиџиќ потврди дека чека бебе со новата девојка

Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ
Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ / Фото: Инстаграм/„Амиџи шоу“/Мина Наумовиќ

Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата нова партнерка, новинарката Мина Наумовиќ, го очекуваат нивното прво заедничко дете.

Ова ќе му биде второ дете на водителот, кој во првиот брак со манекенката Данијела Димитровска го доби синот Матеја. Тие беа заедно нешто повеќе од 10 години, а се разделија минатата година.

„Вистина е дека јас и Мина ќе станеме родители! Не планиравме веста да стигне до јавноста сега. Но, штом веќе дојде, нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од кога било и дека едвај чекаме да дојде нашето бебе. Во наредниот период ќе има можност да разговараме за сѐ, ви благодариме на разбирањето“, изјави водителот за „Курир“ .

Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ
Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ / Фото: Инстаграм/„Амиџи шоу“/Мина Наумовиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот