Официјално: Од понеделник кошаркарите ќе имаат нов селектор

Фото: kfsm.mk

Денеска од федерацијата известуваат дека за три дена ќе се одржи прес конференција на која ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација.

Промоцијата ќе се случи на 19 април (понеделник) со почеток од 12.00 часот, на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ во Скопје.

Досега сениорите од клупата ги водеше Александар Тодоров кој имаше неуспешни квалификации за пласман на следното Европско првенство.

Тодоров изјави дека е разочаран поради неуспехот, но од друга страна изрази големо задоволство што беше дел од нешто ново што се создава и што ќе трае во наредните 10-15 години.

Останува сега повеќе да се работи со младите, како што најавуваат од федерацијата да се организираат семинари и за нашите тренери, па на претквалификациите за Светското првенство во август годинава да се покажеме во подобро светло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот