Официјално: Конте го доби „војникот“ Видал

epa08601428 Midfielder Arturo Vidal during the training session of Barcelona in Lisbon, Portugal, 13 August 2020. Barcelona will face Bayern Munich in an UEFA Champions League quarter final match on 14 August in Lisbon. EPA-EFE/Rafael Marchante / POOL

Артуро Видал е нов фудбалер на Интер.

Чилеанецот денеска и официјално потпиша двегодишен договор со „нероаѕурите“, си опција соработката да се продолжи за дополнителна година.

Тренерот на Интер, Антонио Конте, инсистираше на трансфер на Видал во кого го гледа клучниот играч во средниот ред во сезоната во која ќе го предизвика Јувентус за тиутлата.

„Војникот“ Артуро Видал кариерата ја започна во чилеанскиот Коло-Коло, по што во 2007 година доаѓа во Европа и тоа во тимот на Баер Леверкузен. По четири сезони поминати во редовите на „фармацевтите“ се сели во Јувентус каде исто така помина четири години и тогаш работеше со Конте.

Видал по Јувентус се сели во Баерн Минхен каде помина три години за во 2018 година да премине во Барселона.

За време на кариерата во европските екипи, освои четири титули во Серија А, три во Бундеслигата, една во Шпанија, но не успеа да се радува на триумф во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот