Официјално: Док Риверс е 25. тренер во историјата на Филаделфија

epa08657869 Los Angeles Clippers head coach Doc Rivers looks on during the first half of the NBA basketball semi final Western Conference playoff game four between the Los Angeles Clippers and the Denver Nuggets at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 09 September 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Филалделфија сиксерс денеска и официјално објави дека Глен Док Риверс ќе биде нов тренер.

Риверс во тимот од Источната конференција доаѓа по седум години поминати во Лос Анџелес клиперс од каде доби отказ по елиминацијата во плејофот од Денвер нагетс иако неговиот тим водеше со 3:1 во победи.

Претходно, Риверс помина девет години на клупата на Бостон селтикс со кого во 2008 година ја освои шампионската титула.

Тој со 91. победа во плеј-офот е втор најуспешен тренер меѓу активните тренери и седми на вечната листа.

– Возбуден сум поради можноста да работам во тим од светска класа, тим чија легенда го инспирира моето име. Ова е град кој го сака спортот и ги сака своите екипи. Тоа е град кој ја цени работата и трудот кој во вложуваме и токму тоа може да го очекува од нас – изјави Риверс.

Риверс доаѓа на местото на Брет Браун кој доби отказ по поразот во првата рунда од плеј-офот од Мајами хит.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот