Официјално: Рангник на клупата на Манчестер јунајтед
Ралф Рангник, германскиот стручњак е назначен за нов привремен менаџер на Манчестер јунајтед до јуни 2022 година.
Препорачано
После заминувањето на Оле Гунар Солскјер поради лошите резултати, на неколку натпревари Мајкл Керик ги водеше „црвените ѓаволи“, а еве сега клубот има нов шеф.
– Среќен сум што станав менаџер на Манчестер јунајтед и целосно сум фокусиран на постигнување на најдобри можни резултати оваа сезона. Имам тим со голем број таленти и ќе се обидам максимално да го искористам нивниот потенцијал – рече Рангник.
Германецот ја раскина соработката со Локомотив Москва во која имаше советодавна улога. Рагник има договор со Јунајтед да остане во клубот уште најмалку две години како советник.
– Ралф е еден од најголемите иноватори во светот на фудбалот. Нè импресионираше во разговорот и немавме дилема дека тој е вистинскиот избор за нас – вели спортскиот директор Џон Мурто.
Welcome to Manchester United, Ralf Rangnick ???#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) November 29, 2021
Се очекува тој да дебитира на клупата на Јунајтед во текот на следниот викенд. На натпреварот од вонредното коло од Премиер лигата против Арсенал в четврток, тимот уште еднаш ќе го предводи Керик, бидејќи Рангник треба да ги среди документите потребни за работна дозвола.
Германецот има 63 години и Јунајтед ќе биде неговиот прв клуб надвор од татковината, кој ќе води од клупата.


