Официјално: Ракитиќ од Севиља прави трансфер во Ал-Шабаб

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Денеска шпанскиот фудбалски клуб Севиља објави дека 35-годишниот Иван Ракитиќ се сели во Саудиска Арабија, поточно во редовите на Ал Шабаб.

Хрватот официјално потпиша договор со Ал Шабаб кој ќе трае до јуни 2025 година.

Ракитиќ ја напушти Шпанија после 13 години, од јануари 2011 играше за Севиља со која ја освои Лига Европа, а потоа се пресели во Барселона во чиј дрес стигна до пехарот во Лигата на шампионите.

По враќањето во Севиља во 2020 година, лани освои уште еден трофеј во Лига Европа.

– Севиља сака да му се заблагодари на Иван Ракитиќ, еден од најважните играчи во својата историја, за неговата напорна работа и посветеност сите овие години и му посакува успех во иднина – стои во соопштението на Севиља.

За најдобрата репрезентација на Хрватска запиша 106 настапи и постигна 15 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот