Официјално: Ракип по истекот на договорот ќе го напушти Малме

Ердал Ракип од 2023 година ќе биде слободен агент/Фото: EPA-EFE/Andreas Hillergren

Ердал Ракип (26), играчот од средниот ред, наскоро ќе го напушти шведскиот фудбалски клуб Малме и ќе биде слободен агент од 2023 година.

Ракип кој има два настапи за најдобрата македонска репрезентација, по истекот на важечкиот договор кој трае до 31 декември 2023 година, повеќе нема да биде играч на Малме со кој играше во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Годинава во најсилниот шведски шампионат имаше 25 настапи и еден гол во поразот од Дјургарден (2:3).

Во досегашниот поголем дел од кариерата беше дел од Малме со кој шестпати беше шампион на Шведска, а има и по еден трофеј националниот Куп и Суперкуп.

Беше дел од Бенфика и Кристал палас, но не запиша ниту еден официјален настап за тие клубови.

На репрезентативно ниво со У17 селекцијата на Шведска го освои третото место на Светското првенство во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот