Официјално: Пјер-Емерик Обамејанг е новиот напаѓач на Челси

Пјер-Емерик Обамејанг две години ќе го носи дресот на Челси/Фото: instagram.com/chelseafc

Пјер-Емерик Обамејанг го комплетираше трансферот од Барселона во редовите на Челси. Искусниот напаѓач со лондонските „сини“ потпиша договор на две години.

Интернационалецот од Габон за Барса во 23 настапи минатата сезона реализираше 13 голови.

– Навистина сум среќен. Чест е да се биде дел од овој тим и едвај чекам да започнам. Имам незавршена работа во Премиер лигата, па затоа е добро да се вратам и навистина е возбудливо – рече Обамејанг за клупскиот сајт на Челси.

Веќе докажан стрелец во Премиер лигата откако постигна 68 голови за Арсенал во текот на четири години на „Емирати“.

Го освои ФА Купот со Арсенал во 2020 година, еден трофеј во францускиот Куп со Ст. Етјен, една титула во Купот на Германија со Борусија Дортмунд и уште две во Суперкупот.

Од „Стемфорд Бриџ“ исто така информираа дека клубот го напушти Маркос Алонсо кој ќе ја продолжи кариерата во Барселона, а на позајмица од Јувентус до крајот на сезоната дојде Швајцарецот Денис Закарија.

Били Гилмур не е повеќе играч на Челси, Шкотланѓанецот и во иднина ќе го носи дресот на Брајтон, а Кенеди останува верен на Реал Ваљадолид. Харви Вејл потпиша нов договор со Челси, а до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Хал, додека Итан Ампаду ќе ја помине сезоната во Специја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea FC (@chelseafc)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот