Официјално: Љупчо Марковски не е повеќе тренер на Работнички

Љупчо Марковки од морални причини се раздели со „романтичарите“/фото: fkrabotnicki.com

Љупчо Марковски одлучи да ја напушти клупата на „романтичарите“ кои имаат лош старт во новата прволигашка сезона.

Моментно Работнички во македонскиот шампионат е на 10 место со само четири бодови.

На последниот меч на клупата на скопскиот клуб Марковски доживеа убедлив пораз од Шкупи на гостински терен со 5:0.

Работнички ја информира јавноста дека Марковски заминува од функцијата, односно поднесе оставка од морални причини.

На куп натпреварот што претстои в среда против БВК Коњари тимот ќе го води досешниот прв асистент Стојан Игњатов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот