Официјално: Кевин Пантер заминува од Партизан

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Од редовите на Партизан го потврдија она што и претходно се најавуваше – Кевин Пантер повеќе нема да биде член на црно-белите.

Засега нема потврда каде Пантер ќе продолжи, но се најавува дека тоа ќе биде во Барселона, иако и Макаби е во игра за неговиот потпис. Во редовите на Партизан, Пантер пристигна во 2021 година и успеа да стане еден од најдобрите во тимот.

„По три незаборавни сезони, Кевин Пантер летово заминува од Партизан. Поранешниот капитен на црно-белите постигна договор со раководството за раскинување на соработката. Еден од најомилените играчи на Партизан секогаш ќе остане дел од црно-белото семејство. „Кеп“ каде и да сте во остатокот од вашата кариера, вашиот дом секогаш ќе биде во црно-белиот Белград“, објави Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот