Официјално: Хуан Квадрадо следната сезона ќе игра за Интер

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Хуан Квадрадо е новото летно засилување на „Џузепе Меаца“, миланските „нераѕури“ објавија дека играчот потпиша договор кој ќе трае до 30 јуни 2024 година.

Петтиот Колумбиец во историјата на Интер, за својата репрезентација запиша 115 настапи, повеќе од него има само Давид Оспина.

Крилен напаѓач со големи технички способности, одличен во ситуациите „еден на еден“, во Индепендиенте Меделин, го имаше своето професионално деби. Потоа се пресели во Италија, поконкретно во Удине, и одигра 24 натпревари за две години за Удинезе, помагајќи му на клубот да дојде до историски квалификации за Лигата на шампионите во неговата втора сезона.

Беше дел и од Лече и Фиорентина, помина две и пол сезони во Тоскана пред да замине за Лондон каде со Челси ги освои првите титули во кариерата, во Лига купот и Премиер лигата во сезоната 2014/15.

Се бореше за минутажа во Англија, по што одлучи да се пресели во Јувентус со кој освои 11 трофеи за осум години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот