Официјално: Христијан Малески на позајмица во ГФК Тиквеш

фото: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци

Од денеска на фудбалскиот клуб Тиквеш е посилен за Христијан Малески, кој доаѓа како позајмен играч од актуелниот македонски шампион Струга Трим Лум.

Овој 21-годишен играч есенската полусезона настапуваше како позајмица во редовите на Брера Струмица.

За составот на Брера настапи на вкупно 10 првенствени натпревари и еднаш се запиша во листата на стрелците.

Малески со Струга Трим Лум ја освои титулата во Првата лига, а во својата кариера беше и дел од екипите на Велешта, Караорман и Новаци.

Малески во тимот на Тиквеш доаѓа како позајмен играч до крајот на оваа сезона. По завршувањето на есенскиот дел во шампионатот екипата од Кавадарци после 18 кола е на седмата позиција на табелата со 22 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот