Официјално: Ардијан Нухиу нов тренер на Шкендија

Фото: KF Shkëndija

Заврши потрагата на Шкендија по нов тренер, Ардијан Нухиу ќе го води клубот од Тетово во наредната сезона.

На клупата на Шкендија Нухио доаѓа по успешната сезона со косовскиот прволигаш Дрита од Гњилане, а во Шкендија го наследува Ќатип Османи кој си замина по завршувањето на сезоната.

За Нухиу ова е враќање во Шкендија каде што беше како играч. Договорот кој го потпиша е со важност на две години. Неговите први предизвици ќе бидат квалификациите во Конференциската лига.

„Навистина е убаво што сум повторно тука. Како играч ја освоив титулата во првата година, а потоа проектот започна добро да се развива. Лично сум спремен за нов предизвик. Ќе создадеме силин тим за европските предизвици, за потоа со добра атмосфера и енергија да влеземе и во првенството“, изјави Нухиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот