Официјалните стартни состави на Македонија и Англија

Денеска од 20.45 часот македонската фудбалска А репрезентација ќе го игра последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 против Англија.
Нашите најдобри фудбалери ќе се обидат да дојдат до поволен резултат против една од најдобрите фудбалски селекции во светот која веќе го обезбеди учество на следното Европско првенство.
Официјално се објавени стартните 11 на двете селекции:
– Македонија: Димитриевски, Манев, Серафимов, Муслиу, Димоски, Барди, Атанасов, Алими, Алиоски, Миовски, Елмас.
Резерви: Алексовски, Шишковски, Иљазовски, Ашковски, Адеми, Чурлинов, Митровски, Костадинов, Елези, М. Ристовски, Даци, Тодороски.
Англија: Пикфорд, Луис, Гуеи, Мегваер, Вокер, Рајс, Александер-Арнолд, Грилиш, Фоден, Сака, Воткинс.
Резерви: Џонстон, Ремсдејл, Томори, Хендерсон, Филипс, Галагер, Конса, Рашфорд, Палмер, Кејн.