Оџaлан од затвор ја повика Работничката партија на Курдистан да го положи оружјето
Курдскиот лидер Абдула Оџалан ја повика својата Работничката партија на Курдистан (ПКК) да го положи оружјето, потег што може да стави крај на 40-годишниот конфликт со Анкара и да има далекусежни политички и безбедносни последици во регионот, јавува „Би-би-си“.
Препорачано
Оџалан е во затвор во Турција, каде одлежува казна доживотен затвор на островот Имрали, откако беше киднапиран од турски разузнавачи во Кенија во 1998 година.
Делегација на турската Партија за еднаквост и демократија на народите (ДЕМ) денеска го посети Оџелан во затворот, а потоа ја објави неговата изјава.
„Апелирам на положување на оружјето и преземам историска одговорност за овој повик“, наведе Оџалан во писмото објавено од членовите на ДЕМ.
Во писмото Оџалан бара ПКК да одржи конгрес и формално да се согласи на самораспуштање.
Турција и нејзините западни сојузници ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Повеќе од 40.000 луѓе се убиени откако ПКК ја почна својата борба во 1984 година со цел да се создаде етничка татковина за Курдите. ПКК сега бара поголема автономија во југоисточна Турција и поголеми права за Курдите. Мировниот процес меѓу Турција и ПКК пропадна пред десет години.
Повикот на Оџалан може да влијае на главниот регион за извоз на нафта во северен Ирак, каде е упориштето на ПКК, како и на соседна Сирија.


