Одржана работилница за развивање на комуникација со локални граѓански организации - Слободен печат
ВестиМакедонија

Одржана работилница за развивање на комуникација со локални граѓански организации

Оваа работилница се реализира во организација HBO инфоцентар од Скопје, а како дел од поширок проект, насловен како Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво

Во општина Крива Паланка, денеска се одржа работилница за граѓанските организации на тема развивање на комуникација и комуникациски стратегии.

Оваа работилница се реализира во организација HBO инфоцентар од Скопје, а како дел од поширок проект, насловен како Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво, кој е финансиран од Меѓународниот центар Улоф Палме и поддржан од Шведската влада.

Општина Крива Паланка зема активно учество во реализација на оваа активност, а проектот се реализира во заедничка соработка со неколку локални граѓански здруженија и тоа ,,Цик-Цак“, здружението ,,Спектар“, како и ,,Норгес Вел“.

– Овој проект го работиме во соработка со општина Крива Паланка и заедно со неколку локални здруженија, а вклучени се и неколку други општини како што се општина Кавадарци, Неготино, потоа Маврово и Ростуше, како и Теарце, а идејата на овој проект да се поттикне активното граѓанство и партиципативна демократија на локално ниво. Всушност идејата е да соработуваме со општините и со граѓанските организации на локално ниво, да го поддржиме нивниот развој и на тој начин да ја поттикнеме и нивната соработка со општината, но и активното вклучување на граѓаните во процесите на креирање политики, одлучување, спроведување и слични теми. Во рамките на овој проект, денес заедно со партнерките граѓански организации од Крива Паланка, здруженијата Цик Цак, Спектар и Норгес Вел, организиравме работилница за развивање на комуникација и комуникациски стратегии, а во периодот кој следува продолжуваме да работиме на темите на јавно застапување, а ќе работиме и на полето на подготовка на проекти, проектни апликации, проектно менаџирање со посебен фокус на европските фондови, како и на начинот на кој се подготвуваат европските апликации. Ова се сет на активности кои ќе ги спроведеме во општина Крива Паланка, а се резултат на реалните потреби на граѓанските организации од општината – изјави координаторот на проектот Билјана Бејковска

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски изјави дека општината како институција континуирано ги подобрува инструментите за комуникација и информирањето, како и интеракцијата со надворешната јавност. Во таа насока, градоначалникот Мицевски ги спомена и наградите и признанијата со кои општина Крива Паланка се вбројува во самиот врв на најтранспарентни институции на државно ниво, во таа насока ја спомена наградата за најдобар сајт во категоријата на владини/државни институции, потоа признанието од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива, за најдобро адаптирана веб страница за лица со попреченост, за кои воведе модул за веб пристапност на официјалната страна на општината.

Општина Крива Паланка, покрај веќе поставената рубрика – Пријави проблем, овозможи и нов канал за комуникација – Live chat, со кој продолжува во своите заложби за отворена и достапна општина за сите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close