Одриозола и официјално нов член на Баерн

twitter/FC Bayern München

Шпанецот Алваро Одриозола е нов играч на германскиот шампион.

Баерн Минхен го потврди анагажманот на 24-годишниот десен бек кој утрово ги помина лекарските прегледи. Алваро Одриозола во Баерн Минхен ќе ги помине наредните шест месеци како позајмен фудбалер од Реал Мадрид за кого во првиот дел од сезоната одигра само четири натпревари.

– По разговорите со останатите членови од управата одлучивме да ги задоволиме потребите на тренерот Ханси Флик и да ја засилиме одбраната. Му благодариме на Реал Мадрид за соработката – рече првиот човек на баварците, Карл-Хајнц Румениге.

Тренерот Флик побара да му се ангажира десен бек бидејќи Џошуа Кимих го прекомандува во средниот ред, а Бенјамин Павар му ја додели штоперската позиција.

– Убедени сме дека Одриозола ќе му помогне на тимот со своите квалитети. Драго ми е што успеавме да најдеме десен бек со таков потенцијал – изјави Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот