Одредени групите во ракометната Суперлига за следната сезона

Двете најдобри македонски ракометни екипи ќе се борат за нов трофеј/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за новата суперлигашка сезона која ќе започне на 3 септември.

Во новата сезона, во Суперлигата ќе играат 16 екипи кои ќе бидат поделени во две групи. Предвидено е да се одиграат 14 кола, сите екипи ќе играат против себе дома и на гости, по што ќе се поделат во екипи кои ќе играат во плеј-офот и во плеј-аутот.

Во групата А носител е освојувачот на двојната круна Вардар, додека во груата Б носител е вицешампионот Еурофарм Пелистер.

Група А: Вардар, Бутел Скопје, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид, Вардар Неготино, Куманово
Двојки за прво коло:
Струга–Куманово
Вардар Неготино – Вардар
Бутел – Охрид
Прилеп  – Алкалоид

Група Б: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт, Јуниор Кисела Вода, Скопје

Двојки за прво коло:
Еурофарм Пелистер – Скопје 2020
Голден Арт – Пролет
Еурофарм Пелистер 2– Тиквеш
Радовиш– Јуниор Кисела Вода

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот