Одобрен проект вреден 10 милијарди долари: Турција со Истанбулски Канал ќе ги поврзува Црно и Мраморно Море

Фото: EPA/ANDREA MEROLA

Турскиот министер за животна средина и урбан развој, Мурат Курум најави одобрување на планот за изградба на Истанбулски Канал, што ќе ги поврзува Црно и Мраморно Море.

– Го одобривме планот за изградба на Истанбулски Канал, откако ги испитавме сите барања и приговори. Во овој контекст, ќе преземеме брзи чекори за да осигуриме дека каналот ќе биде во корист на нашиот град, напиша Курум на Твитер.

Турција планираше да почне со изградба на нов канал долг 51 километар во 2018 година, а да биде пуштен во употреба во 2023 година, на 100-годишнината од основањето на Република Турција.

Приближната цена на проектот е 10 милијарди долари.

Проектот за изградба на нов канал на 100 километри западно од Истанбул прв го објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред изборите во 2011 година. Турската опозиција и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу се против проектот и бараат да биде распишан референдум за изградба на Истанбулски Канал.

Се проценува дека преку новиот канал ќе може да минуваат околу 160 бродови дневно, вклучително и танкери со носивост до 300.000 тони. Преку Босфор годишно минуваат 53.000 бродови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот