Одмазда за „Ајде да ги е*еме Хрватите“: Kанадскиот селектор заврши во непримерна поза

Канадскиот селектор Џон Хердман на СП 2022/фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Евидентно е дека селекторот на оваа северноамериканска селекција во добра мера ги налути соседните медиуми. Фудбалерите на Канада загубија во првото коло од Белгија со минимален резултат 1:0.

Канадскиот селектор Џон Хердман без разлика на поразот беше презадоволен од настапот на тимот, кој по натпреварот им испрати силна порака. Тој најави дека несреќниот натпревар против Белгија е минато и веднаш се сврте кон следните ривали, Хрватите.

– Само што им ја покажав статистиката. Им кажав дека се тука и дека ќе ги е*еме Хрватите. Тоа е наједноставниот начин. Тоа е нашата следна мисија – им порача Хердман на своите играчи.

Скандалозна изјава на селекторот на Канада: Одиме да ја е*еме Хрватска!

Ова предизвика голем гнев кај хрватските медиуми, што може да се види на насловната страница на хрватскиот портал 24sata.hr.

На страна се гледа Хердман, целосно гол, со јаворови листови преку устата и интимни делови од телото.

Оваа насловна страница доста го привлече вниманието на многу светски медиуми. Изјавата стана вирална, а многумина ја протолкуваа како навреда за актуелниот вицешампион на светот.

– Одлично прашање. Да, јас го кажав тоа. Кажувате такви работи во моменти на страст за да го инспирирате вашиот тим. Кога ме прашаа што сум кажал во кругот меѓу играчите, одговорив искрено – вели Хердман.

Неговите зборови, без сомнение, предизвикаа бура, но Хердман истакнува дека не му била намерата да го навреди претстојниот противник.

– Немаше почит кон хрватскиот народ и хрватската репрезентација. Добро разбирам каде сме. Ние сме на светската сцена, но го достигнавме највисокото ниво и се обидувам да ги убедам играчите да бидат бестрашни, да покажат сè што знаат – рече Хердман.

Канадскиот селектор сепак остана доследен на ставот кој го искажа по поразот од Белгија.

– Не сакав да покажам непочитување кон хрватскиот тим и хрватскиот народ, сепак, на крајот тоа е начинот на размислување што Канада ќе го има и мора да го има доколку сака три бода против една од најдобрите селекции во светот. Таков начин на размислување го имавме и против Белгија и мора да продолжиме да го правиме тоа. Тоа е дел од новата Канада – се зборовите на Хердман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот