Одложено првото полуфинале во азиската Лига на шампиони

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Првиот натпревар од полуфиналето во азиската Лига на шампионите помеѓу Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати и Ал Хилал од Саудиска Арабија кој требаше да се игра денеска од 18:00 часот е одложен поради лошите временски услови.

Азиската фудбалска федерација соопшти дека нема услови за одигрување на натпреварот, па фудбалерите на двете екипи нема да истрчаат на теренот.

Поради силните дождови и грмотевици властите во Обединетите Арапски Емирати ги повикаа жителите на Ал Аин да останат во своите домови.

Во второто полуфинале кое на програмата е утре силите треба да ги одмерат Улсан од Јужна Кореја и Јокохама од Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот