Одложено отворањето на универзитетите? Велика Британија стравува од влошување на епидемиолошката состојба

Харвард / Фото Архива на СП

Британските универзитети треба да го одложат отворањето планирано за следниот месец, со цел да се спречи влошување на епидемиолошката состојба во земјата, соопшти синдикатот и повика наставата да се одржува онлајн.

Владата на Велика Британија е цел на критики поради нејзините планови да ги отвори училиштата, особено по расправата за резултатите од испитите и неуспешниот обид за враќање на сите ученици во училниците претходно оваа година.

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика граѓаните да се вратат во еден вид нормален живот по укинувањето на мерките за карантин.

Сепак, Синдикатот на универзитетите и колеџите соопшти дека е премногу рано студентите да се вратат на универзитетите, предупредувајќи дека тоа може да доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.

Во соопштението на синдикатот се вели дека е време Владата конечно да преземе одлучни и одговорни чекори во кризата предизвикана од пандемијата, како и да им нареди на универзитетите да ги сменат плановите за одржување на часови во живо.

Синдикатот апелираше до надлежните да продолжат да предаваат онлајн во текот на првиот семестар.

Неколку универзитети соопштија дека се подготвени за отворање во текот на следниот месец, по неколку недели подготовка, додека некои студенти изјавија дека веќе ги потрошиле парите подготвувајќи се за почетокот на новиот семестар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот