Одлична партија на Митревски од 15 одбрани против Адемар Леон

фото: твитер

Македонскиот репрезентативен голман започна да блеска и во дресот на португалската екипа на Порто…

Никола Митревски забележа одлични перформанси од 15 одбрани во триумфот на пријателскио натпревар против шпанскиот тим на Адемар Леон.

Порто славеше на овој контролен меч како подготовка за новата сезона со конечен резултат 30:26.

Минатата сезона нашиот чувар на мрежата ги бранеше боите на Еурофарм Пелистер, а пред да направи трансфер во Битола, 34-годишниот Митревски беше дел уште од Доброгеа Суд, Бенфика, Металург и Вардар.

Порто се подготвува за настапот во групната фаза од Лигата на шампионите, во групата „А“ за ривали ги има актуелниот европски шампион Вардар 1961, потоа ПСЖ, Кјелце, Пик Сегед, Мешков Брест, Елверум и Фленсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот