Одбојкарите се во Бари | Милев: Против Италија нема што да бараме, ние ќе го дадеме максимумот

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонската одбојкарска репрезентација пристигна во Бари каде в сабота од 18.00 часот ќе го игра натпреварот од осминафиналето на Европското првенство против домаќинот Италија.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе ја имаат честа да играат против бранителот на континенталната титула и светски шампион.

Сите мечеви од осминафиналната и четвртфиналната фаза ќе се играат во Бари и бугарскиот град Варна, а полуфиналните дуели, пресметката за третото место и финалето во Рим, Италија.

Победникот од натпреварот меѓу Италија и Македонија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од мечот Холандија – Германија.

– Кај нас сè уште трае еуфоријата и со успехот што се пласиравме во осминафиналната фаза. Имавме напорен ден, со долго патување, денеска ќе се одмориме. Утре ќе тренираме, па подготовки за натпреварот против Италија. Во тој меч ќе влеземе да уживаме, бидејќи ќе играме против една од најдобрите репрезентации во светот, и мислам дека тоа треба да биде круна на нашите репрезентативни кариери. Против Италија нема што да бараме, тие се едни од фаворитите за освојување на европскиот шампионат. Но, наше е да излеземе на теренот, да го дадеме максимумот, ретко се играат вакви силни натпревари. Треба кај секој од нас мотивацијата да биде на највисоко ниво и да уживаме – вели еден од нашите најискусни репрезентативци, Владо Милев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот