„Одам да го убијам дебелиот“, рекол Лазар Вукичевиќ пред да биде убиен во куќата на смртта во Ритопек

„Одам да го убијам дебелиот човек“ – е последното нешто што Лазар Вукичевиќ (31) од Белград им го соопштил на пријателите минатиот октомври кога заминал на состанок во Ритопек, средба од која не се вратил.

Бројни ДНК траги од Лазар Вукичевиќ се пронајдени во неодамна откриената тајна просторија во викенд куќата на кланот Веља Невоља во Ритопек. Според трагите во куќата, кои членовите на кланот не успеале да ги отстранат и измијат, се заклучува дека Вукишевиќ бил брутално мачен подолго време, а потоа и убиен.

На кобниот ден во октомври 2020 година, Вукичевиќ добил видео во кое Вeља Невоља е врзан и членовите на кланот го тепале. Потоа добил порака со која го повикувал „да дојде да го убие Веља“. Вукичевиќ тогаш рекол: „Одам да го убијам дебелиот човек“. Тој немаше идеја дека тоа е морничава замка и дека никогаш повеќе нема да ја напушти куќата на ужасот.

Кога влегол во куќата очекувајќи да го види Беливук врзан, Вукичевиќ доживеал страшно изненадување. Тој бил измачуван најдолго и најбрутално од сите други жртви на кланот. Му биле отсечени делови од телото. Неговото тело е распарчено и судејќи според пронајдените траги, сомелено во индустриска мелница за месо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот