Од вечерва корекции на откупните цени-10 денари за „смедеревка”, 12 денари за „вранец”

Грозје/ Фото: МИА

Откупната цена за „смедеревка” да изнесува 10 денари, а за „вранец” 12 денари. На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надоместена од страна на винариите.

Ова е договорено денеска, по два и пол часа преговори на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со претставници на винариските визби.

Како што соопшти Министерството за земјоделството, корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва, а Хоџа го реафирмирал ставот дека ќе продолжи дополнителната мерка од два денара  за лозарите.

-Откупот ќе продолжи да тече непречено. Очекуваме за една недела да имаме поголем откуп со што ќе се направи првичен пресек на откупените количини, наведува МЗШВ.

Министерот во договор со винариите вети дека ќе се откупи целата количина произведено грозје и нема да остане ниту еден килограм неоткупен.

Винариите пред неколку дена ги објавија откупните цени на грозјето, според кои 11 денари беа предвидени за „смедеревка” и 12 денари за „вранец”.

Вечерва и министерот Аријанит Хоџа на својот фејсбук профил изрази длабоко разбирање за макотрпната работа на лозарите и посочи дека било која цена да се нуди за откуп на грозјето никогаш нема да биде праведна кога се споредува со трудот што се вложува.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот