Од Уставниот суд го повторуваат апелот до Собранието што побрзо да се изберат нови уставни судии

Седница на Уставен суд / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Уставниот суд, од минатиот декември, функционира со шест судии што е само две третини од членовите потребни за неговиот целосен состав поради што оттаму повторно упатија апел до Собранието и до Судскиот совет што побрзо да се изберат уште три члена за, конечно тој да биде комплетен.
Поради пензионирањето и преместување на други функции, од судот во текот на минатата година заминаа тројца судии, а во меѓувреме, Собранието не ја отвори темата за нивна замена.

– Останува апелот до Собранието и до Судскиот совет, кој треба да предложи еден од судиите, тоа да го сторат што побрзо – изјави портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.

Уставниот суд, според законот, го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието за време од девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот