Од среда портокалова фаза со температури од над 40 степени

Архива

Следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од УХМР соопштија дека од среда дневната температура во поголем дел од земјава ќе биде над 35 степени, а некаде ќе надмине и 40. Земјата ќе влезе во активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.

Времето денеска е претежно сончево и топло. Како што информираат од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа дожд. Минималната температура е во интервал од 10 до 20, а максималната од 24 до 35 степени Целсиусови. УВ-индексот ќе изнесува девет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот