Од срцев удар на плажа во Грција почина д-р Александар Стојановски-екс директорот на Клиничката болница-Штип

Фото: Принтскрин/ТВ Стар - Штип

Д-р Александар Стојановски (45), поранешен директор на Клиничката болница-Штип починал во Грција за време на годишен одмор. Неофицијално, доживеал масивен срцев удар на плажа.

Д-р Стојановски е познат по тоа што живеел навистина здрав живот, со редовни спортски активности. Неодамна заврши специјализација по гинекологија, објави Фактор.

Д-р Александар Стојановски функцијата директор на Клиничката болница Штип ја извршуваше до 2017 година, а во последниов период се посвети на специјализацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот