Од Шведска до Катар: 88-годишен Аргентинец е дел од 17-тото Светско првенство во низа
Eнрике Макаја Маркез е човек кој влезе во историјата на Светското првенство во Катар, овој Мундијал за него е 17-ти во низа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Станува збор за легендарен аргентински новинар кој го прослави 88-тиот роденден додека го коментираше премиерниот натпревар на „Гаучосите“ против Саудиска Арабија. Првиот Мундијал го работеше уште во далечната 1958 година кога на 23 години патувал од Аргентина во Шведска. Патот бил долг, авионот неколку пати застанувал да дополни гориво, а потоа морал да оди со автобус, па со брод до крајната дестинација.
„Потребно е знаење, но потребно е и да знаете да комуницирате со луѓето. Мораш да се носиш и со технологијата, но и да ја познаваш играта. Не е лесно, човек мора констатно да учи да разговара и комуницира со другите“, објаснува Маркез.
Argentina’s Enrique Macaya Márquez, at 88, was running commentary on Qatar vs Ecuador. He has been to every World Cup beginning 1958. This is his 17th World Cup.
But I see some people aren’t happy Kwabena Yeboah is still doing his job. He should quit and stay home jobless? pic.twitter.com/tAiSfBRJYB
— Saddick Adams (@SaddickAdams) November 20, 2022
Растел во ист крај со легендарниот Алфредо Ди Стефано, а на 15 години започнал да работи на радио. Се започнало кога морал да замени болен колега. Иако неговото прво СП не беше успешно за Аргентина присуствуваше на двете титули на „Гаучосите“ во 1978 и 1986 година.
Имал чест да ја проследи целата кариера на Диего Армандо Марадона, но пред неговите очи поминале и други бројни легендарни тимови вклучувајќи ја и генерацијата на Бразил од 1970 година. Негова омилена екипа сепак е Холандија од 1974 година.
„Играа навистина брзо, изгледаше дека топката не стои во ниту еден момент, констатно се движеа, имаа неверојата кондиција…Стануваше збор за вистински претставник на тоталниот фудбал“, изјави Маркез.


